Наталија Павлова

Coordinator - Nature Day Program

Special needs picnic

Наталија Павлова, родена 05.01.1983 година во Гевгелија. Дипломирала на Педагодки Факултет „Гоце Делчев“ – Штип, како наставник за одделенска настава. Дел е од Фондацијата Аполонија уште од самото фосновање и започнувањето на програмата за едукација на млади од областа заштитна на човековата околина „Ден со природата“. Таа е одговорно лице за подготвување на наставните планови, програмата, организирањето на посети на локални фарми, фабрики, итн, комуницирање со родители, волонтери и стручни лица одобласта на екологијата кои повремено се вклучуваат во овој проект, како и практично изведување на проектот со креативни активности и
игри. Има обука за прва помош, учествувала на семинари и еднодневни обуки за работа со деца со посебни потреби. Со голема посветеност, внимание и љубов работи со децата на терен, и се вклучува во сите досега реализирани хуманитарни акции за помош на социјално загрозени лица, деца без родители, деца од ромска националност и воспитно запуштени деца. Вклучена сум во проектите на Фондацијата Аполонија поради големата љубов која ја имам кон децата, нивната несебична и искрена насмевка и задоволство кога заедно играме во Ден со природата. Како педагог и наставник, овој проект е одлична прилика за да ги истакнам и проширам моите креативни и организациски способности. Енергијата што ја добивам од децата, чувствата кои се јавуваат кога правиме добри дела ја исполнува мојата душа и ме прават да се реализирам себеси како личност, професионално и приватно.

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here