Семинар на тема: Деца со посебни потреби и нивна инклузија „Едукативна поддршка, вовед во примена на теоријата Сензорна интеграција“

1

Во рамките на проектот финансиран од Европската Унија „Програма за целосна социјализација на деца со посебни потреби во нивните заедници” кој го спроведуваат Фондацијата Аполонија и МНЗА –„Македонското научно здружение за аутизам“ на 12 и 13 Мај во Гевгелија – хотел Аполонија од 10:00 до 18:00 часот ќе се одржи семинар „Едукативна поддршка, вовед во примена на теоријата Сензорна интеграција“. Ова е четврти настан од серијата 11 семинари/работилници кои се дел од овој проект и се посветени на прашањата поврзани со децата со посебни потреби.

Предавачи на овој форум ќе бидат претставници на C.S.P.E.R – Центар за специјална едукација и рехабилитација од Белград, Р.Србија:

Татјана Говедарица, дефектолог-реедукатор за психомоторика и Наталија Ристиќ, дефектолог, сензорно-интегративен терапевт.

Семинарот е наменет за дефектолози, педијатри, лекари, наставници, родители на деца со посебни потреби и други членови на заедницата кои би сакале да знаат повеќе за оваа тема.

Овој проект е финансиран од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права.

Главната цел на проектот е да се зголеми социјалната интеграција и развојот на децата со посебни потреби во 4 општини од југоисточниот регион: Гевгелија, Дојран, Валандово, и Богданци.

###

За повеќе информации Ве молиме контактирајте ја Снежана Сарамандова, проектен менаџер fondacija@apollonia.com.mk, или тел. 071-299-728. За повеќе информации за C.S.P.E.R – Центарот за специјална едукација и рехабилитација посетете ја интернет страницата:

www.edukacija-rehabilitacija.org/o-nama/

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here