Работилница на тема: Споделување искуства за практична работа во Сензорна соба

10177254_303686569790134_2330615276230499934_n (1)Петтиот настан од серијата 11 семинари/работилници кои се дел од проектот финансиран од Европската Унија „Програма за целосна социјализација на деца со посебни потреби во нивните заедници”, а имплементиран од Фондацијата Аполонија – Гевгелија и МНЗА ќе се одржи на 12 и 13 Јуни 2014.
На 12 јуни од 10:00 до 17:30 во Хотел „Аполонија“ – Гевгелија и на 13 јуни од 09:00 до 18:00 во ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран.
Предавачи на оваа работилница на која ќе се споделуваат искуства за практична работа во Сензорна соба ќе бидат претставници дефектолози од МНЗА –„Македонското научно здружение за аутизам“.
Главната цел на проектот е да се зголеми социјалната интеграција и развојот на децата со посебни потреби во 4 општини од Југоисточниот регион: Гевгелија, Дојран, Валандово, и Богданци.

10402891_303686706456787_7420902489211113537_n 10402917_303686719790119_589145558097423916_n

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here