Пишување и менаџирање на проекти

14038784116_d23724f17c_o CROP

На 29 и 30 Март со почеток од 12 часот во хотелот Аполонија, како дел од активностите на Волонтерскиот Центар за млади ќе се одржи четвртата по ред едукативна работилница, овој пат на тема: Пишување и менаџирање на проекти. Сите оние кои сакаат да научат како се пишуваат проекти, со кои може да се аплицира за грантови, и да се стекнат со една интересна вештина која може гинаправи поконкурентни на пазарот за работа, може да бидат дел од оваа дводневната работилница која ја организира Фондацијата Аполонија во партнерство со ЗЕДМ Сложувалка. Едукатор на оваа работилница ќе биде Линдита Реџепи, од Мировниот Корпус, каде се практикува доста оваа алатка при обучување на волонтерите кои доаѓаат во Македонија и нивните соработници во заедниците, посебно во општините и невладиниот сектор. Покрај волонтерите кои веќе имаат поднесено апликација во Волонтерскиот Центар и други заинтересирани лица може да присуствуваат на оваа бесплатна работилница, а се што треба да направат е да се пријават на e-mail адресата fondacija@apollonia.com.mk или на телефонскиот број 071299728.

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here