Отварање на музички моменти 2014 – Гевгелија

DSCN9858Како дел од традиционалната културна манифестација „Гевгелиски музички моменти 2014“, која фондацијата Аполонија ја организира и поддржува веќе 15 години, на 9 Мај во хотелот „Аполонија“ Гевгелија, поранешен Ice Bar, во 19:30 часот ќе се одржи првиот пијано концерт од серијалот концерти на класична музика кои се дел од оваа манифестација, подделена во два дела „Гевгелиска музичка пролет 2014“ и „Гевгелиска есен“. Како први пред гевгелиската публика ќе настапат учениците од државното музичко балетски училишен центар „Илија Никовски – Луј“ од Скопје, кои се во класата на професорот Кристијан Каровски. Програмата ја сочинуваат пијано изведби на осум ученици кои ќе отсвират дела од Бетовен, Григ, Шопен, Брамс и Дебиси. Оваа година по 4-ти пат оваа манифестација е поддржана од Министерството за култура на Р.Македонија како проект од национален интерес. Ве покануваме да бидете дел од овој настан.

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here