Отварање на Волонтерскиот Центар за млади во Гевгелија

Recylcle CROP

На 28 Фебруари 2014 година, со почеток во 12:30 часот, во хотелот Аполонија, ќе се одржи официјално отварање на првиот Волонтерски Центар за млади во Гевгелија и околината. Ова е проект на Фондацијата Аполонија и Здружението за едукација на деца и млади „Сложувалка“, финансиран од SPA програмата на USAID, достапна преку волонтерите на Мировниот Корпус во Македонија. На овој настан ќе бидат промовирани целите и задачите на овој волонтерски центар, како и активностите кои ќе се спроведуваат во текот на целата година. Воедно, ќе бидат претставени и партнер организациите во кои пријавените волонтери ќе имаат можност да стекнат соодветно практично искуство и истовремено да дадат свој придонес за промоција на волонтеризмот и негов развој. На овој настан, покрај јавните институции, бизнис и НВО секторот, може да присуствуваат и сите заинтересирани граѓани на Општина Гевгелија, кои што сакаат да бидат дел од програмата за волонтирање.

Ве покануваме да бидете дел од овој настан.

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here