Информативна сесија за GLOW – Girls Leading Our World

2Во вторник на 6-ти Maj,Волонтерскиот Центар Гевгелија ќе организира информативна сесија во врска со кампот за лидерство „ГЛОУ“ (девојките го водат светот). Програмата на „ГЛОУ“ е конкурентска и достапна на сите девојки во Македонија кои зборуваат англиски. Се работи за осумдневен камп за лидерствo (2-9 август) кој има за цел да го развие внатрешниот потенцијал на младите девојки во Македонија со тоа што ќе им овозможи да стекнат знаење и вештини за да станат активни лидери во нивните заедници. Кампот промовира познавање на англискиот јазик, лидерство, тимска работа, успешно решавање на проблеми како и креативно изразување.

Волонтерскиот Центар Гевгелија ќе организира информативна средба за ова кампување во Вторник на 6-ти Мај во 18 часот во галеријата на хотел „Аполонија“ (учениците кои се втора смена може да дојдат после часовите). Оваа средба е отворена за сите средношколци од I-III година и родителите кои сакаат да слушнат нешто повеќе за оваа програма. Ќе имате можност да слушнете за искуствата на претходни учесници кампери, не само од камперите туку и од нивните родители низ дискусија, а ќе можете да погледнете и презентација во врска со очекувањата од кампот. Апликација може да пополните на самиот настан. Скот Џонсон, волонтер од Мировен Корпус, исто така ќе презентира за YMLP (Young Men’s Leadership Project) – Проект за лидерство кај млади момчиња. Кампот за момчиња ќе се одржи во Јуни. Момчињата средношколци од I-III година се исто така поканети да присуствуваат на овој настан.

За дополнителна информација контактирајте ја Џени Аптон, волонтер од Мировен Корпус. На настанот ќе има и мала закуска.

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here