Ликовната колонија Аполонија

Постоењето и функционирањето на ликовните колонии е прилично традиционално во Југоисточна Европа;

Организаторот поканува одреден број уметници зависно од каков вид е колонијата (сликари или скулптори или графичари, мозаичари, керамичари…) кои ќе престојуваат една, две недели заедно, обично на некој атрактивен локалитет, каде што ќе творат.

Организаторот обезбедува сé: патни трошоци; комплетно сместување (ноќевање, оброци); целиот потребен материјал за творењето на уметниците.

За возврат, уметниците им ги оставаат во сопственост на организаторот делата кои ќе ги создадат во текот на трањето на колонијата (обично едно до две дела).

Овие уметнички колонии се речиси идеална можност за секојдневно креативно дружење на уметниците, размена на знаења, погледи на светот и уметноста, искуства, а средината каде што уметниците творат има неповторлива можност непосредно да го прати создавањето на уметничките дела.

Инаку, веднаш по завршувањето на ликовната колонија, во хотелот Аполонија организираме изложба на новосоздадените дела, на која присуствуаат и учесниците на колонијата.

Ликовната колонија Аполонија има уметнички совет во кој постојани членови се ликовните уметници од Гевгелија,  Драги Хаџи-Николов и Јордан Јанев, а постојана подршка имаме од сликарот од Гевгелија,  Данчо Кал’ чев како и од членовите на Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија.

There are no comments published yet.

Оставете коментар

We appreciate your support.
Donate lightbox description
For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here