Музички Моменти

The Arts

The Arts

Во соработка со здружението, „Музички моменти“ од Гевгелија и постојаната ангажираност  на професорот по музика во Основното музичко училиште во Гевгелија, Ѓорѓе Улишев (кој е и член на Управниот одбор на Фондација Аполонија), веќе петнаесетина години организираме концерти на класична музика.

Според однапред утврдени програми, наречени „Гевгелиска музичка пролет“ и „Гевгелиска музичка есен“, во просториите на хотелот Аполонија досега се оддржани повеќе од 300 концерти.

Изведувачи на делата од класичната музика се ученици во Средното музичко училиште во Скопје, студенти на Факултетот за музички уметности, како и реномирани солисти.

За да им овозможиме на љубителите на класичната музика од Гевгелија во живо да чујат дела од познати светски композитори и да присуствуваат на нивното изведување, создаваме креативна комбинација од ентузијазам  (на професорот Улишев) организација и логистичка поддршка на концертите – превоз и престој на изведувачите, сала за настап, пијано (од Фондација Аполонија); за одредени концерти – финансирање од Министерството за култура на Република Македонија; Соработка со институцијата Музичка младина на Македонија; бескрајната љубов кон музиката на изведувачите кои настапуваат без никаков хонорар; благодарна публика која знае да ја цени вредноста на овие културни настани.

There are no comments published yet.

Оставете коментар

We appreciate your support.
Donate lightbox description
For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here