Интеграција и инклузија на децата со посебни потреби

20120501_302 special

Фондацијата “Аполонија” е многу активна во социјализацијата на децата со посебни потреби. Благодарение на грантот добиен како спонзорство од НАТО – Charity Bazzar; за проектот „Дејвид  ВанДерВеге – Социјализација на децата со посебни образовни потреби во еколошка програма – Ден на природата“, се овозможија предавање од страна на дефектолозите Мими Батанџиева  и Ејми Рот, кои им помогнаа на  персоналот и волонтерите вклучени во проектот за подобро разбирање на потребите на децата со посебни потреби.  Исто така беа организирани и голем број на активности во природа, вклучувајќи деца и млади со посебни потреби од Дневниот центар во Гевгелија, додека еднодневната обука од страна на Елизабет Шафер беше проследена од  86 претставници од седум различни институции на нашите соседни општини, родители на деца со посебни потреби, наставници, ученици и невработени.

Фондацијата ја отвори и првата сензорна соба за деца со посебни потреби во Гевгелија, во основното училиште „Владо Кантарџиев“, која вклучува голем број на реквизити и уреди за развој и сензорна стимулација на овие деца. Изградбата и опремувањето на сензорната соба беше заедничка активност на Фондацијата “Аполонија”, нејзиниот основач Друштвото за угостителство и туризам Корона Интернационал, основното училиште “Владо Кантарџиев”, Мировниот корпус од Македонија – особено волонтерите Давид и Кети ВанДерВеге и донацијата од USAID и НАТО – Добротворниот Базар.

We appreciate your support.
Donate lightbox description
For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here