Дејвид ВанДерВеге – Програмата за Социјализација на децата со посебни потреби

“Дејвид ВанДерВеге  – Програмата за Социјализација на децата со посебни потреби”, разработена и организирана од Фондацијата “Аполонија”,  работи со децата со посебни потреби, користејќи неколку технички методи, како што се сензорна интеграција и арт терапија, како и на вклучувањето на децата со посебни потреби заедно со децата со типичен развој во проектот “Ден на природата”; родителската поддршка и програми за обука на родителите, како и состаноци и консултации со стручни лица и институции кои работат со деца со посебни потреби.

Како дел од проектот, Програмата одржува средби на кои присуствуваат директорите на основните училишта во општина Гевгелија, нивните стручни кадри  и персоналот на Фондацијата “Аполонијa”,  кој работи со деца со посебни потреби. На овие состаноци, учесниците дискутираат за моменталната состојба на програмата за посебно образување, за потребите на училиштата и децата и за тоа кои чекори треба да се преземат во иднина за соодветно да се одговори на предизвиците и како да се решат овие прашања.

Како резултат на овие состаноци, Фондацијата “Аполонија”  ќе соработува со основното училиште  “Крсте Мисирков” да се вклучи волонтер дефектолог од Фондацијата “Аполонија”  коj ќе работи со децата со посебни потреби во тоа училиште. Поради важноста на раното откривање и дијагностицирање на проблемите кај децата, исто така се одржа средба со директорот на детските градинки во Гевгелија за нивно вклучување во овие средби и активности  во иднина.

Овие активности можат да бидат организирани како долготрајна програма, со јавно-приватно партнерство,  активно учество на сите заинтересирани страни за остварување на уникатните цели и потреби и целосна поддршка од општината Гевгелија (која е веќе извршена од страна на градоначалникот и директорот на Фондацијата “Аполонија”). Следно се  планирани средби со родителите, каде што ќе се слушнат  нивните идеи и проблеми со кои се соочуваат, а Фондацијата “Аполонија”  потоа ќе организира добротворни настани за да се соберат средства за сметката специјално посветена за таквата програма.  Средствата ќе бидат искористени за високо приоритетни барања од надлежните институции       (училиштата, детските градинки) и родителите.

Она што е јасно и е покажано до денес е дека напредокот на децата со посебни потреби се остварува со стручна помош, но потребна е посветеност,  многу работа,  како и поддршка од заедницата.

There are no comments published yet.

Оставете коментар

We appreciate your support.
Donate lightbox description
For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here