Ден со природата

100_4069SAT crop

Секоја недела, децата од Гевгелија и локалните области учествуваат во еколошката програма “Ден со природата” во склоп на Фондацијата “Аполонија”.  Качување на врвот на планината “Кожуф”; садење цвеќиња; тестирање на водата на реката Вардар; собирање на отпадоци; учење за рециклирање и посета на локалните фабрики и фарми, се само дел од некои од активностите во кои учествуваат децата. Двапати годишно, повеќе од дваесеттина деца од проектот “Ден со природата”, учествуваат во настанот “Ден на дрвото – засади ја својата иднина”. Секоја година децата традиционално земаат учество и во националните акции за чистење на диви депонии, во организација на невладината “Ајде Македонија”. Имаме добро партнерство и соработка со локалните еколошки групи како Планинарскиот клуб “Кожуф”, за организирање на настани за собирање отпадоци на места во локалната заедница. Оваа програма е проектирана за да обезбеди пристап до природните области во околните заедници на Гевгелија за децата од местата кои немаат можност да учествуваат во такви екскурзии. Програмата, исто така, е проектирана за  да се воспитуваат децата за зачувување на животната средина .

Оваа програма е исто така интегрирана и со други програми на Фондацијата “Аполонија” кои се  поврзани со социјалната инклузија на децата со посебни потреби.

There are no comments published yet.

Оставете коментар

We appreciate your support.
Donate lightbox description
For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here