Концерт на Александра Коцевска и Глигор Гелебешев

На 19 септември во концертната салата на Хотел Аполонија се одржа концерт на Александра Коцевска – мецосопран и Глигор Гелебешев – пијано. На повторната средба со гевгелиската публика, дуото изведе дела од Шопен, Стојков, Рахмањинов и Чајковски.

CONTINUE READING

Изложба на фотографии – Рајко Р. Каришич

На 5 септември во организација на библиотеката Гоце Делчев, во галеријата на Народниот театар во Гевгелија беше отоврена самостојна изложба на фотографии од  Рајко Р. Каришич. На изложбатата говореа Драги Аџи-Николов и Дамјан Ѓуров. Во галериските простории беа изложени дела од 4 циклуси. Рајко Р. Каришич е чест гостин и учесник на ликовната колонија „Аполонија“. […]

CONTINUE READING

Концерт на Ева Богоевска

По успешниот настап во престижниот Карнеги хол во Њујорк и пред нејзиниот настап во театарот  Марчело во Рим, виолинистката Ева Богоевска ги почасти гевгеличани со свој настап во хотел Аполонија. Вечерта беше збогатена со пијано придружба од страна на Верица Шотаровска. На програмата беа изведени дела од Тартини – Крајслер, К.В. Глук, Моцарт, Џон Вилијамс, […]

CONTINUE READING

Музика од преминот на 19 во 20 век

Во концертната сала на хотелот „Аполонија“ на 29 јули се одржа концертнa вечер на дуо пијано составено од Јасмина Трајчевска и Лиле Анастасова. На настанот насловен „Музика од преминот на 19 во 20 век“ професорките по пијано изведоа дела од Ц. Кјуи – А. Љадов – Н. Р. Корсаков, Рејналдо Хан, Питер Хајдрих.

CONTINUE READING

Меѓународен натпревар на млади пијанисти

Седмиот по ред Mеѓународен натпревар на млади пијанисти и оваа година традиционално се одржа во просториите на хотелот „Аполонија“. Од 13 до 15 јуни, околу 150 пијанисти од Србија, Бугарија, Косово и Македонија на возраст од 11 до 14 години се натпреваруваа во 5 категории. Натпреварот го отвори покровителот на настанот, градоначалникот Иван Франгов, кој […]

CONTINUE READING

Концерт на дуо Рибарски

По серијата концерти одржани низ Европа, дуото Рибарски на 8 јуни ја посети Гевгелија во рамките на одбележувањето на својата 40 годишна концертна дејност. Кирил Рибарски (тромбон) и Милица Шперовиќ-Рибарски (пијано) дебитираат на музичката сцена во 1977 во Салон 19, 19 во Скопје. Во годините кои следат тие ја градат својата исклучителна интернационална кариера која […]

CONTINUE READING

Туристичко – гастрономска изложба

Традиционално, во хотелот „Аполонија“, оваа година по  9-ти пат се одржа Туристичко – гастрономска изложба на Факултетот за туризам и бизнис логистика од Гевгелија, кој е дел од Универзитетот во Штип. На изложбата беше претставено етно наследството од овој крај, стари предмети и артефакти, како и обичаите со кои се претставуваат културните вредности на регионот. […]

CONTINUE READING

Промоција на стихозбирката ,,In Nomine” од Стeфан Марковски

На 17 Март во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“, во просториите на хотелот „Аполонија“ се одржа промоција на најновата, трета по ред збирка на поетот, писател и филозоф Стефан Марковски. „In Nomine“ содржи 41 песна и е дел од едицијата „Ѓерѓеф“ на издавачката куќа „Македонска реч“ од Скопје. Промотор и рецензент на книгата беше […]

CONTINUE READING

Ване Костуранов

Фондацијата Аполонија оваа година ја организираше Петнаесеттата по ред Ликовна колонија „Аполонија 2016“, со што продолжува остварувањето на една од мисиите за унапредување на културата и уметноста на овие простори. Со отстапениот простор за работа, но и добро осмисленото и уште подобро реализирано дружење, уметниците имаа добар потенцијал за творење. На колонијата беа вклучени 8 […]

CONTINUE READING

Учениците од Музичкото училиште „Васо Карајанов“ им го честитаа празникот на жените со концерт

    Учениците од Основното музичко училиште „Васо Карајанов“ под менторство на проф. Љубица Улишева на 8ми март, во просториите на хотелот  „Аполонија“ одржаа Концерт на класична музика. Со овој концерт учениците симболично им го честитаа празикот на сите жени – 8ми март.

CONTINUE READING
For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here