Хуманитарен концерт на Основното музичко училиште „Васо Карајанов“

На иницијатива на Основното музичко училиште „Васо Карајанов“ а во соработка со Фондацијата „Аполонија“ на 7ми Март се одржа хуманитарен концерт за Ивана Прочкова. Единаесетина ученици под менторство на г-ѓа Љубица Улишева изведоа дела од реномирани композитори, а собраните сретства ги донираа за Ивана Прочкова од Богданци која боледува од сколиоза (искривување на ‘рбетот) од […]

CONTINUE READING

Посетата на г-ѓа Вероника Гарет и средба со родителите на децата со посебни потреби во Гевгелија

На 9 Март 2016 во просториите на Фондацијата „Аполонија“ претставници на Националната Алијанса, родители, наставници и стручни лица имаа средба со сопругата на амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија, г-ѓа Вероника Гарет. Г-ѓа Гарет е мајка на дете со Даунов синдром. Средбата беше од отворен карактер, па родителите имаа можност да разговараат со г-ѓа […]

CONTINUE READING

Продолжуваат активностите од проектот „Помогни и ти“

Фондацијата „Аполонија“ на покана на Регионалниот центар за одржлив развој од Гевгелија, е дел од проектот „Помогни и ти“ наменет за помош и поддршка на мигрантите. Проектот е грант од Програмата „Цивика Мобилитас“ финансирана од Швајцарска Агенција за развој и соработка, a го спроведува Регионален центар за одржлив развој Гевгелија (Центар за поддршка на НВО). […]

CONTINUE READING

Литературна вечер со Ефтим Клетников

Датумот на раѓањето на истакнатиот македонски револуционер, Гоце Делчев, 4ти Февруари, е воедно и патронен празник на Гратската библиотека во Гевгелија која го носи неговото име. Традиционално, библиотеката во соработка со Фондацијата „Аполонија“ го одбележуваат овој значаен момент со организирање на поетско читање во хотелот „Аполонија“. Овогодинешниот настан беше литературна вечер со Ефтим Клетников, истакнат […]

CONTINUE READING

Активности од проектот „Ден со природата“

И покрај летните одмори и топлото време, активностите од проектот „Ден со природата“ не запираат. Месецот го започнавме со теми поврзани со глобалното затоплување и климатските промени, кои со секоја измината година се повеќе се интезивираат. Како продолжување на тоа, а благодарение на гостопримливоста на фирмата „Дон – Андон“, видовме на кој начин работат сончевите […]

CONTINUE READING

Активности од проектот „Ден со природата“

Стремејќи се кон дополнително знаење и полесно воочливи појави, Фондацијата „Аполонија“, викенд активностите од проектот „Ден со природата“ во февруари ги посвети на водата. Својствата на водата, нејзиното движење во бесконечен круг, минералните води како и маглата, беа темите кои со помош на експерименти и опипливи обиди ги доближивме до децата. Последниот викенд од овој […]

CONTINUE READING

Проект кој изнудува насмевки

Ова е доказ дека еден мал проект за изработка на хартија преку рециклирање, може да изнуди насмевки и да донесе многу среќа во животот на лицата со посебни потреби. Повеќе од два месеца, корисниците и вработените во Дневниот центар за лица со посебни потреби во Гевгелија, секојдневно ја „оживуваат“ старата оштетена и непотребна хартија, рециклирајќи […]

CONTINUE READING
For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here