DSCN4978

Ден на дрвото

Фондацијата Аполонија традиционално барем двапати годишно организира акции за садење дрвца. Децата вклучени во проектот „Ден со природата“  со нетпрение ја дочекаа акцијата на 13 декември каде во соработка со Шумското стопанство „Кожув“ од Гевгелија, посадија дрвца во близина на браната Топлик и се потсетија како треба да се грижат за природата.

CONTINUE READING
DSCN4929

Семинар Визуелни стратегии

На 11 декември 2014 година во просториите на хотел Аполонија се оддржа и последниот семинар од низата семинари во рамките на проектот „Програма за целосна социјализација на децата со посебни потреби во нивните заедници“, а финансиран од ЕИДХР. Семинарот/работилницата беше на тема: „Примена на визуелни стратегии во работата со децата со посебни потреби во училиште“. […]

CONTINUE READING
CRW_3741

Декемвриски концерти

На 8 Декември, Фондацијата Аполонија продолжи со уште еден концерт од  серијата настани кои се дел од манифестијата„Музички Моменти – Гевгелиска музичка есен“ , со „Концерт на два клавира“  со пијанистите Кристијан Каровски и Шкељзен Бафтијари. На програмата беа три дела: Р.Вагнер-Увертира „Tannhauser“, С.Рахманинов-Фантазија Оп.5, и М.Равел-Дафни и Клое – Суита бр.2. Концертот се оддржа […]

CONTINUE READING
Jenny_Upton

Писмо за благодарност од Џени Уптон

Поминаа две години одкако почнав да работам со Фондација Аполонија и мојата служба со Мировниот Корпус завршува. Би сакала да се заблагодарам на Фондацијата за тоа што ми обезбеди супер работна средина и што ми дозволи да постигнам толку многу. Научив многу за време на овие две години, и сум благодарна за сите успеси што […]

CONTINUE READING
10450379_1493929537539722_2650514413809879792_n

Поетски патувања со Никола Маџиров

Градската библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија на 27.11.2014 година, во хотелпт Аполонија, организираше поетска средба со Никола Маџиров. Љубителите на убавиот пишан збор имаа несекојдневна можност да уживаат во стиховите на овој млад и надежен поет, есеист и преведувач, автор на збирките: „Заклучени во градот“ (поезија, 1999), „Некаде никаде“ (поезија, 1999) и „Преместен камен“ (поезија, […]

CONTINUE READING
DSCN4742

Изложба на графики

На 24.11.2014 во фоајето на хотел Аполонија, беше отворена изложба на графики од колекцијата на Графичката колонија  во организација на Работничкиот Универзитет „Кирил и Методиј“ од Гевгелија. Во изработката учестувале уметници – графичари од Македонија и од поранешните Југословенски републики. Изложбата се состоеше од дваесетина дела која за љубителите на ваквиот вид на уметност беше […]

CONTINUE READING
DSCN4582

Монтесори семинар – работилница

На 20 и 21.11.2014 година во просториите на хотелот Аполонија се одржа предпоследниот семинар од проектот „Програма за целосна социјализација на децата со посебни потреби во нивните заедници“, во реализација на Фондацијата Аполонија, а на тема „Монтесори методот во работа со деца со посебни образовни потреби“. Предавачи – тренери на семинарот беа претставници од Македонското […]

CONTINUE READING
DSCN4467

Месец на книга

Во организација на Градската библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија, во просториите на хотелот Аполонија, на 14.11.2014 година, се одржа манифестацијата „Месец на книгата“.  Учесниците имаа можност да се натпреваруваат во рецитирање и квиз во знаење од литература а беа прогласени победниците од распишаните конкурси за авантуристички расказ и за есеј според мотивирачки текст. Од литературниот […]

CONTINUE READING
1.

Семинар за Европски волонтерски сервис (EВС)

На 8 ноември 2014 г. Волонтерскиот центар на Фондацијата Аполонија, во просториите на хотелот Аполонија, беше домаќин на невладината организација  „Креатив“ од Кавадарци кои го презентираа Европскиот волонтерски сервис, поточно како младите луѓе од Европа можат да постигнат напредок во општеството работејќи со европски организации. Волонтерите кои се вклучени во ЕВС се на воздраст од […]

CONTINUE READING
37

Годишна изложба на Друштвото на ликовни уметници во Гевгелија

Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија, на  05.11.2014 година, во просториите на хотел Аполонија имаше годишна изложба на дела од локалните уметници. Техниката не беше нагласена, па така секој од уметниците имаше можност по сопствен избор да одлучи со што ќе се претстави. Меѓу уметниците кои изложија свои дела беа: Борис Петров, Михаил Петров, Глигор […]

CONTINUE READING
For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here