10 години Фондација „Аполонија“

Posted in: Uncategorized
Tags:

На 22 јуни Фондацијата „Аполонија“ го прослави своето јубилејно десетгодишно постоење. По тој повод на хотелската тераса се одржа свечена церемонија на која беа присутни голем број на пријатели, соработници, уметници и членови од дипломатскиот кор. Прославата беше збогатена со пригодна културно-уметничка програма со настапи во живо на еминентни солисти од класичната музика, фолклорни друштва и џез музичари. На свечениот настан беа изложени делата од уметниците учесници на овогодишната, 16-та по ред меѓународна ликовната колонија.

Во своето официјално десетгодишно постоење, Фондацијата „Аполонија“ оствари многу програми и проекти наменети за деца, граѓани и институции во областа на образованието, културата, животната средина и социјалната сфера. Филантропските активности на Аполонија се присутни во заедницата од самото основање на компанијата во 1984 година. Повеќе за ова, за мисијата, за мотивите и за постигнувањата може да видите во следното видео:

https://www.youtube.com/watch?v=qFq9t6Q5_kw

 

19429636_578187779197325_3302811295104653326_n

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here