Јавен повик за експерт за вмрежување

Posted in: Подршка на заедницата
Tags:

slika1

Јавен повик за достава на понуди бр. 03-31
за експерт за вмрежување

Фондацијата Аполонија ги поканува сите заинтересирани субјекти – физички или правни лица да учествуваат во тендерска постапка за набавка на: консултантски услуги за експерт за вмрежување. Услугата која ќе треба да ја обезбеди експертот за вмрежување е во рамки на проектот „Промени за одржливост“, кој е финансиран од Европска Унија, а го спроведуваат Конект, Фондација Аполонија и Центар за даночни политики. Целта на работата на експертот е да обезбеди поддршка на граѓански организации (ГО) во градење на меѓу-секторско партнерство, вмрежување и застапување, вклучувајќи развивање на методологија и менторирање за како да се развие вмрежувањето и застапувањето на локално ниво, според нивните потребите. Експертот ќе работи со мали и грас-рут организации. Работата на експертот би се спроведувала во периодот од 28.01.2019 година до 31.05.2019 година во Скопје, Гевгелија и местата каде се лоцирани целните ГО.

Рокот за доставување на понудите е 18.01.2019.
Изборот на најповолни понудувачи ќе се прави според принципот „најдобра понудена вредност (квалитет) за дадена цена“.
Право на учество имаат сите заинтересирани понудувачи кои ги исполнуваат условите наведени во тендерската документација, достапна за превземање овде:Тендерска документација

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here