Хуманитарен базар

Posted in: Uncategorized
Tags:

На 25 октомври група средношколци организираа хуманитарен базар со цел развивање на свеста меѓу луѓето за пречките и потребите на кои наидуваат лицата со посебни потреби и нивните семејства. Настанот беше збогатен со музика, настапи во живо, цртање со креди на плоштадот и многу позитивна енергија. Средствата кои се собраа на оваа акција ќе бидат донирани на Дневниот центар и Центарот Мајка Тереза.

Во организација на настанот учествуваа и ученици од основните училишта, а базарот беше поддржан и од Фондацијата „Аполонија“, фирмите Бекарт, Лебопекара ММ, Турист – М, Спектар, Меџик. Во текот на неделата донациски кутии беа поставени во локалните кафулиња – Time Out, Monte Cristo, Piazza и Casual.

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here