Форум на тема: Деца со посебни потреби и нивна инклузија „Аутизмот како енигма“

Posted in: Деца со посебни потреби, Подршка на заедницата
Tags:

image006
Фондацијата Аполонија, во партнерство со невладината МНЗА “Македонското научно здружение за аутизам”, го спроведува проектот “Програма за целосна социјализација на деца со посебни потреби во нивните заедници”, финансиран од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права во износ од 77,000 € (4.700.000 денари).

Го најавуваме форумот на тема “Аутизмот како енигма”, кој ќе се одржи во Гевгелија, на 11 април од 12:00 до 19:00 часот. Ова е втор настан од серијата 10 семинари/работилници кои се дел на овој проект и се посветени на прашањата поврзани со децата со посебни потреби.

Предавач на овој форум ќе биде Д-р Неџип Џем Kиначи од Турција, кој има значителни резултати во третманот на децата со аутизам и големо искуство како лекар – консултант во САД, Велика Британија, Србија, Албанија, Азербејџан и Турција.

Форумот е наменет за родителите на децата со посебни потреби, дефектолози, педијатри, лекари, наставници и други членови на заедницата кои би сакале да знаат повеќе за оваа тема. Исто така поканети се и НВО секторот и центрите за социјална работа како и други организации кои работат со деца со посебни потреби.

Главната цел на проектот е да се зголеми социјалната интеграција и развојот на децата со посебни потреби во 4 општини од југоисточниот регион: Гевгелија, Дојран, Валандово, и Богданци.

За повеќе информации Ве молиме контактирајте ја Снежана Сарамандова, проектен менаџер fondacija@apollonia.com.mk, или тел. 071-299-728.

За повеќе информации за Д-р Киначи посетете ја страницата:  http://drcemkinaci.com/

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here