Фондацијата „Аполонија“ како дел од акцијата „Едно капаче – една надеж“

Posted in: Деца со посебни потреби, Образование, Подршка на заедницата
Tags:

16640891_10202708444987712_6472267592617897660_nПред нас е уште една хуманитарна акција! Фондацијата „Аполонија“ се приклучува кон хуманитарно еколошката акција „Едно капаче – една надеж“!  “Едно капаче – една надеж” е хуманитарно еколошка акција чија главна и единствена цел е да се собираат што е можно повеќе пластични капачиња. Капачињата се испраќаат во Турција каде се рециклираат и за количина од 250 килограми се добива една инвалидска количка која се донира на семејство кое има потреба од истата, а нема финансиска можност самостојно да ја обезбеди. Акцијата е започната од страна на Македонска Медицинска Студентска Асоцијација – ММСА. Сите оние кои сакаат да се вклучат во истата преку донирање капачиња, слободно нека нé исконтактираат. Кутијата за собирање е поставена во нашите простории. Да ја потврдиме уште еднаш веќе докажаната хуманост!

 

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here