„Убавините на Македонија“ – изложба на Новица Трајковски

Posted in: Изложба
Tags:

Во изложбениот салон на хотелот „Аполонија“, во организација на Пионерскиот дом од  Гевгелија, на 6.10.17 беше отворена изложба на Новица Трајковски. На својата прва самостојна изложба во Гевгелија под наслов „Убавините на Македонија“ авторот се престави со пејсажи и портрети од циклусот „Божествена љубов“ кои претставуваат дел од еден поголем проект.

DSC00286

Новица Трајковски е роден на 21 декември 1962 година во Белимбегово (сегашно Илинден). Дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Скопје во 1988 година во класата на професорите Димитар Кондовски и Родољуб Анастасов. Има остварено над 50 самостојни изложби. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Живее и работи како слободен уметник во родното Илинден.

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here