Средба на волонтерите од Мировниот корпус во Гевгелија

Posted in: Uncategorized
Tags:

Волонтерите на Американскиот Мировен Корпус што служат во југоисточна Македонија и нивните локални партнери се собраа да ги одбележат и споделат сопствените достигнувања. Споделување искуства, вмрежување и давање важност на волонтерската работа се дел  од овој настан, кој секоја година вклучува и посета на дворот на црквата св. Спас и на гробот на американски лекар и волонтер на Црвениот Крст д-р Џејмс Ф. Донели. Кој е д-р Донели, што работел во Гевгелија и детали за неговиот живот, односно за она што досега е откриено во истражувањето на Фондацијата Аполонија може да прочитате овде: https://jamesfdonnelly.weebly.com/index.html

На крајот од овие средби присутните ја посетуваат винаријата Јостела на мала дегустација на вината која таа ги произведува, и се користи приликата за неформално и срдечно дружење. Домаќин и организатор на средбата која веќе традиционално осум години се одржува во Гевгелија е Фондацијата Аполонија.

DSC05549

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here