Работилница против злоупотреба на супстанции

Posted in: Uncategorized
Tags:

На 10 август 2018 година, Фондацијата Аполонија организираше работилница и дискусија за злоупотреба на супстанции во општеството и како да се справиме со овој проблем. Оваа сесија ја водеше Крис Лавинг, волонтер од Американскиот Мировен корпус. Крис, кој работи во Скопје и е лиценциран советник за дрога и алкохол во САД има искуство со помагање на засегнати лица од сите возрасти. Околу 15 луѓе од Гевгелија и околината присуствуваа на оваа дискусија, меѓу кои беа присутни претставници од училиштата, здравствените домови, институциите за лекување и засегнати граѓани. Сите тие донесоа сугестии за тоа како да се справат со ова прашање. Крис ги изложи тековните третмани во САД и обезбеди информации и веб-страници каде што се наоѓаат многу корисни информации. Оваа сесија беше една од континуираните обуки што се одржаа во хотелот Аполонија во партнерство со Мировниот корпус на САД во Македонија.

DA

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here