Работилница за средношколци

Posted in: Образование, Подршка на заедницата
Tags:

На ден 15.9.2017 во хотелот Аполонија се одржа последната од низата еднодневни работилници од Караванот на човекови права. Средношколците од Гевгелија имаа можност да се едуцират и да дискутираат за демократија, средношколски права и одговорности, средношколско здружување и младински активизам. На крајот од настанот тие разменуваа идеи за идни волонтерски проекти кои би направиле некаква промена во градот, по што беше договорена следна средба за планирање и реализација на истите. Караванот се одржа на неколку локации низ државата, во организација на група средношколци како дел од програмата Bridging Backgrounds Macedonia. Целта на проектот е поттикнување на критичкото мислење и младинската вклученост.

rabo

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here