Работилница за бизнис, лидерство и менаџмент

Posted in: Uncategorized
Tags:

На 26 и 27 јули 2018 година во хотелот Аполонија, се одржа работилница за бизнис, лидерство и менаџмент на која присустуваа менаџери на фирми од Гевгелија и вработени во администрацијата на општина Гевгелија. Работилницата беше дизајнирана да му помогне на секој кој има желба да успее во бизнисот, или да стане одличен лидер и менаџер. Предавачи беа искусни и успешни менаџери од САД: Алан Корс, Роберт Шиар, Крис Куејар кои во моментот се волонтери на Американскиот мировен корпус во Македонија (во Гевгелија и Битола). Сесиите на работилницата во првиот ден опфатија: важни основи на бизнисот, комуникација, правење стратешки план кој ја дефинира работата, користење на клучни податоци за мерење на прогрес и адаптирање на планот врз основа на перформансите. Во вториот ден од работилницаата, со вежби и низ интерактивни кружни маси беа анализирани разликите меѓу лидерите и менаџерите, кои се различните извори на моќ и авторитет на лидерите, кои вештини и однесувања се потребни за да се биде ефективен менаџер. Ова е еден од петте настани оваа година кои се дел од програмата „Трансфер на вештини“ на Фондацијата Аполонија и волонтерите на Мировниот Корпус во Македонија за поддршка на локалната заедница и градење на капацитетите на заинтересираните граѓани на Гевгелија.

DSC06305

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here