Промоција на стихозбирката ,,In Nomine” од Стeфан Марковски

Posted in: Poetry, Култура
Tags:

На 17 Март во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“, во просториите на хотелот „Аполонија“ се одржа промоција на најновата, трета по ред збирка на поетот, писател и филозоф Стефан Марковски. „In Nomine“ содржи 41 песна и е дел од едицијата „Ѓерѓеф“ на издавачката куќа „Македонска реч“ од Скопје. Промотор и рецензент на книгата беше Ефтим Клетников, а за музичкиот дел се погрижи Џез триото.

17309455_10155148675143288_7259851869935284569_n

Во рецензијата кон оваа трета стихозбирка на Марковски, критичарот Ефтим Клетников вели: Во „In Nomine“ Стефан Марковски не ја следи главната поетичка структура на неговата генерација во која доминира иронијата како основна стилска фигура и светоглед на реалноста. Напротив, тој е склоп кон чисто лирскиот асоцијативен тип поезија. Нему пред сѐ му е битен, како што би рекол Карлајл, метафизичкиот квалитет на песната, на кого во европската модерна посебно инсистираа симболистите.

Марковски е еден од најмладите и најамбициозни членови на Друштвото на писателите на Македонија. Неговиот опус содржи 9 издадени книги и уште многу кои чекаат да го здогледаат свелото на денот. Добитник е на домашни и странски награди и признанија за своето творештво.

 

17361906_10155148674453288_6728045609813526812_n

 

Сон Це

 

Се криеш,

а штом те најдам

одненадеж

Ти си оној што брка.

 

През таквата бркотница

облаците нè омеѓуваат

а нивните води спокојно

солзи-радосници сипаат

за среќна разделба што трае миг

меѓу Синот и Таткото.

 

Но врската меѓу нас е братска:

– тебе те родија миг

пред да влезам во утробата

– Јас се родив през воскресот твој

под светлина на сестра ти Муза

в чекор, под отсјајот.

 

Се криеше

а штом те наоѓав, брату

почнуваше да бркаш

во грешна насока.

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here