Промоција на книгата „Митот и стварноста за русалиите“

Posted in: Литература
Tags:

23172420_10155876407338288_7033879098045605359_nВо рамките на одбележувањето на општинскиот празник 7 ноември, во просториите на Хотел Аполонија на 6 ноември беше промовирана книгата „Митот и стварноста за русалиите“ од Даниела Џишева. Делото претставува магистерски труд на професорката Џишева во кое таа ги проучува појавата, трансформацијата и исчезнувањето на русалиите во македонската народна книжевност.

23172489_10155876406733288_2753076960796761502_nУчесници во пригодната програма во режија на Силвестер Проле беа Фолклорниот ансамбл „Мегдан“ од Богданци, хорска група под диригентската палка на Илија Атанасов, како и Александра Атанасоска Петкова, Катица Џишева Дупарова, Каме Ќаев и Јулија Костаќева.

 

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here