Промоција на книгата „Да не бидат заборавени V“ од Ристо Стамков

Posted in: Литература
Tags:

Дежурниот хроничар на Гевгелија и околината и оваа година неуморно работи, издава и промовира книги. Најновото издание на господин Стамков е петто по ред од серијалот „Да не бидат заборавени“. Во неа авторот се потрудил да ги извлече од заборав заслужните илинденци Коста Попето, Андон Поп-Стојанов, Костадин Масенчев и Глигор Божинов. Организатор на настанот кој се одржа на 16 декември во хотелот „Аполонија“ беше ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија. Промотор на книгата беше Златко Трајков, од поново време и соработник на авторот. Модератор на настанот беше Жаклина Атанасова, а за музичкиот дел се погрижија пејачка група при СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија и дуото на клавир – ученички од музичкото училиште „Васо Карајанов“ од Гевгелија.

V4

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here