Прв Семинар – Социјална Инклузија

Posted in: Деца со посебни потреби, Образование
Tags:

flag_yellow_highMSSA - italic

Фондацијата “Аполонија”, во партнерство со невладината организација  “МНЗА– Македонско научно здружение за аутизам“, го имплементира проектот Програма за целосна социјализација на деца со посебни потреби во нивните заедници”, финансиран од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права во износ од речиси €77.000 или 4.700.000 денари.

Во рамките на проектот се планира одржување на 10 семинари со предавања на експерти од областа која ја третира проектот. Првиот од 10-те планирани семинари ќе биде реализиран од МНЗА на тема Инклузија на деца со посебни образовни потреби“, и ќе се одржи во Гевгелија на 17 и 18 Март од 09 до 17 часот.

Овој семинар е наменет за дефектолози, наставници, стручни лица кои работат со деца со посебни потреби,  нивните родители и невладини организации активни во оваа област.

Предавачи се: Проф. д-р Владимир Трајковски; Проф. д-р Наташа Чичевска-Јованова; Проф.д-р Даниела Димитрова-Радојчиќ; М-р Јасмина Трошанска; Доц. д-р Владимир Илиевски; Розалија Давкова дип. дефектолог и Мими Батанџиева Зајковска, дипл. дефектолог.

Главната цел на овој проект е да се зголеми социјалната интеграција и развој на децата со посебни потреби во 4 општини во Југоисточниот регион: Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.

Други цели се:

  • Да се зголеми капацитетот за работа со деца со посебни потреби на 320 учесници:
    • наставници од 9 основни училишта;
    • наставници и стручни лица од 7 детски градинки;
    • родители на деца со посебни потреби;
    • стручни соработници и експерти кои работат во оваа област;
    • млади луѓе од 4-те општини;
    • невладини организации
    • Овозможување сите информации од 10-те семинари и содржините кои се дел од овој проект да бидат достапни на интернет страна за поддршка и користење во иднина;
    • Зголемување на свесноста, видливоста и прифаќањето на децата со посебни потреби како дел од училишните системи и програми на заедниците;
    • Промовирање на рано препознавање на сензорни проблеми во градинките;
    • Овозможување сензорна терапија на деца со посебни потреби;
    • Овозможување услови за рехабилитација на младинци со пречки во развојот.

За повеќе информации слободно контиктирајте ја Снежана Сарамандова на e-mail: fondacija@apollonia.com.mk или на телефонскиот број 071-299-728.

 

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here