Посета на учениците од ОУ „Крсте Мисирков“

Posted in: Образование
Tags:

На 8 мај дел од учениците од основното учичиште „Крсте Мисирков “ од Гевгелија со своите учителки ги посетија просториите на Фондацијата „Аполонија“. Целта на оваа посета беше еколошка. Учениците се запознаа со процесот и важноста на рециклирањето пластика. Во рамките на едукативната програма, тие дознаа повеќе и за хуманитарно еколошката акција „Едно капаче –  една надеж“. Веќе некое време во фондацијата „Аполонија“ се собираат пластични капачиња и шишиња за рециклирање, а учениците од основните училишта во Гевгелија и дечињата од проектот „Ден со природата“ се највредни во оваа еколошка акција.

 

DSC07156        DSC07235

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here