Остен биенале на наградени автори

Posted in: Art Colony, Изложба
Tags:

Во хотелот „Аполонија“  од 28 август до 7 септември се одржа главната активност на Остен – Биенале на наградени автори 2017, програма за престој на уметници „Златен остен“, во која учествуваа 14 уметници од 8 земји во светот.

На 7 септември на летната тераса на хотел Аполонија се одржа завршна изложба со доделување на наградите. Добитник на Гран при е Елпида Хаџи-Василева (Обединето Кралство), додека добитник на Посебно гран при е Васил Василев (Македонија).

Амбасадори на „Остен“ се Јоан Белмар (САД), Ген Моримото (Јапонија) и Камелија Отеро (Франција).

Во соработка со Фондацијата Аполонија, Гевгелија, наградата „Аполонија“ ја доби Невзат Бејтули Кица (Македонија).

Во соработка со САВУ (Светска асоцијација за визуелни уметности) Балкански уметник за 2017 е Атанас Атанасоски (Македонија), додека Млади балкански уметници за 2017 се Кристина Ѕани (Грција), Тијана Којиќ (Србија) и Трајана Панајотова (Бугарија).

Добитници на наградите „Златен остен“ се Милан Андов (Македонија), Марија Светиева (Македонија) и Јошкин Шиљан (Србија). Гостин на манифестацијата беше Мице Јанкуловски.

 

21369562_10214229205071043_9057173516344196159_n

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here