Обука за Smart табла

Posted in: Uncategorized
Tags:

Во текот на месец јули, во хотелот Аполонија се одржа обука за работа со Smart табла, наменета за вработените во Фондацијата Аполонија и кадарот од IT секторот на хотелот Аполонија.

Предавач на обуката беше Тамера Меклауд, волонтерка од Американскиот мировен корпус, која моментално живее и волонтира во Кочани. На 19 јули го реализиравме првиот ден од обуката на кој се стекнавме со знаења за креирање на забавни и креативни лекции на smart таблата, со многу игри и активности. Вториот ден од обуката, на 20 јули, изготвивме работилница за учење на уметност и занаети заедно со децата од „Ден со природата“. Со колекција на листови, камчиња и се друго што не опкружува во природата, децата изработија креативни дела и многу се забавуваа.

Голема благодарност и упатуваме на Тамера што ни овозможи да стекнеме нови знаења и истите да ги примениме. Ова беше еден од петте настани оваа година кои се дел од програмата „Трансфер на вештини“ на Фондацијата Аполонија и волонтерите на Мировниот Корпус за поддршка на локалната заедница.

DSC06113

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here