Седма година по ред Фондацијата Аполонија го организираше Новогодишниот и Божиќен добротворен базар, кој се одржа на 20, 21 и 22 декември во просториите на хотелот „Аполонија“. Оваа година на Новогодишниот базар учество зедоа двете основни училишта од Гевгелија „Крсте Мисирков” и „Владо Кантарџиев”, Дневниот центар за лица со посебни потреби, Факултетот за туризам „Гоце Делчев”, СОУ „Јосиф Јосифовски” и Центарот „Мајка Тереза”.
Секоја институција имаше свој штанд на кој се продаваа рачни изработки од децата, новогодишни украси, честитки, украси од глина, магнети, домашно приготвени колачи, пецива…
Децата кои ни доаѓаа во посета за време на базарот беа анимирани со разновидни игри, песни, танцување и едукативни видеа.
По завршувањето на базарот беа пребројани донираните средства од страна на хуманите граѓани кои изнесуваа 67 690 денари. Оваа сума беше уплатена на сметка за програмата „Дејвид ВанДерВеге – социјализација на децата со посебни потреби од Гевгелија“, а ќе бидат доделени
на Центарот Мајка Тереза, на дневниот центар за деца со посебни потреби Гевгелија и за други добротворни цели за кои ќе дадат согласност учесниците на базарот.
There are no comments published yet.