Новогодишен Добротворен базар 2016

Posted in: Ден со природата, Деца со посебни потреби, Подршка на заедницата
Tags:

15697589_10154851835113288_5444323269453837041_nКако и во изминативе неколку години, така и оваа, Фондацијата Аполонија организираше Новогодишен Добротворен  базар во просториите на хотелот Аплонија на 21, 22 и 23 Декември. Годинава за прв пат на базарот учествуваа двете Основни училишта од Гевгелија „Крсте Мисирков“ и „Владо Кантарџиев“; Дневниот центар за лица со посебни потреби и Националната алијанса за лица со посебни потреби. 15697737_10154851839308288_2960713186905769290_nИнституциите имаа свои штандови на кои продаваа Новогодишни украси, рачни изработки, глинени украси, магнети и разновидни ракотворби, но и храна, колачи и пецива. За децата кои доаѓаа во посета за времетраењето на базарот, имаше поставено неколку игри за анимација и забава. По завршувањето на базарот и пребројувањето на донираните сретства, дојдовме до сума од 64.000 денари која беше уплатена на сметка за програмата „Дејвид ВанДерВеге – социјализација на децата со посебни потреби од Гевгелија“. 15672860_10154851837218288_3217889143726559089_n

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here