Меѓународна конференција за бизнис туризам Универзитет „Гоце Делчев“

Posted in: Uncategorized
Tags:

На 24 октомври во просториите на хотел „Аполонија“, Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД Штип, со седиште во Гевгелија ја организираше Првата меѓународна конференција под наслов „Предизвици во туризмот и бизнис логистиката во 21 век“.

На конференцијата учествуваа 60 автори на научни трудови од кои 42 домашни и 18 странски од Полска, Турција, Летонија, Србија, Бугарија и Косово.

Во текот на конференцијата беа презентирани 33 научни трудови од областа на туризмот, економијата, бизнис логистиката и менаџментот. Покрај презентацијата на трудовите, на настанот беа изложени постери од научни работилници кои ги прикажуваа придобивките од туризмот и бизнис логистиката во 21 век.

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here