Меѓународен натпревар на млади пијанисти

Posted in: Култура
Tags:

Седмиот по ред Mеѓународен натпревар на млади пијанисти и оваа година традиционално се одржа во просториите на хотелот „Аполонија“. Од 13 до 15 јуни, околу 150 пијанисти од Србија, Бугарија, Косово и Македонија на возраст од 11 до 14 години се натпреваруваа во 5 категории. Натпреварот го отвори покровителот на настанот, градоначалникот Иван Франгов, кој истакна дека годинава Гевгелија е домаќин по седми пат на настанот кој веќе стана уште едно од многубројните културни обележја на градот преку кој учесниците стекнуваат трајни пријателства со вистински вредности. Организатор на настанот е Глигор Гелебешев, професор по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј” во Скопје, a жирито кое ги оценуваше младите пијанисти беше во состав: Милка Шперовиќ-Рибарски од Македонија, Драгомир Братиќ од Србија и Маја Кастратовиќ од Словенија.

 

DSC08218

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here