Метрички карван: Гевгелија – Велес

Posted in: Poetry, Култура
Tags:

15665690_314138962314301_7389420080137489354_nВо организација на Градската библиотека „Гоце Делчев“ Гевгелија, а во просториите на хотелот „Аполонија“, на 23ти Декември се одржа поетско читање со наслов  “Метрички карван: Гевгелија – Велес”. Манифестацијата ја отвори директорот на библиотеката г-ин Дамјан Ѓуров. Во своето излагање пред публиката меѓу другото и посочи: „Оваа година гевгелиските поети застанаа рамо до рамо со стихотворците од Велес, градот на револуционерните гемиџии, градот-расадник на идеи и идеали, град-рожбеник на мајстори на перото и општествени дејци од рангот на Јордн Хаџи-Константинов Џинот, Рајко Жинзифов, Кочо Рацин, Коле Неделковски и др.  Духот на овогодинешното издание на Метрички карван апокатастатички ги соединува уметниците на речта од оваа и онаа страна на Повардарието кои своестрано “ги исфрлаат од употреба страните на светот” (Андреевски) преку чиста, поетска мисла доловена од соноѕвонот на Рациновите стихови:15697490_314139468980917_3525787146744424554_n

“Ако куќа не направив

со високи шимшир порти

куќа цел свет братски ми е

братски срце што отвара

срце – порта највисока

срце – куќа најширока”

Да ги вивнеме душите во небесноста на нивните стихови и заедно да понираме во длабочините на нивните светли амбиси.“

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here