Прекрасното топло време во март, најмногу им одеше во прилог на децата вклучени во проектот „Ден со природата“, а најинтересна од сите активности овој месец им беше садењето цвеќиња. Секое од децата си посади по две цвеќиња пред просториите на Фондацијата „Аполонија“, за кои отсега самото ќе се грижи, ќе ги наводнува, ќе ги забележува промените при растењето, секако со одредена помош на некој од возрасните. И децата со посебни потреби вклучени во проектот активно учестуваа во оваа активност.
Мартовски активности од проектот „Ден со природата“
Оставете коментар
Мора да се пријавите за да испратите коментар.
There are no comments published yet.