Ликовна колонија 2018

Posted in: Art, Изложба
Tags:

Оваа година, од 18 до 28 јуни, по 17 пат, во организација на Фондацијата Аполонија од Гевгелија, се одржа традиционалната Меѓународна ликовна колонија Аполонија 2018, на која учество земаа уметници од Македонија, Европа и САД.

Овогодинешниот состав, селектиран од страна на академскиот сликар Драги Хаџи-Николов го сочинуваа уметниците: Ниче Василев, Павле Кузманоски, Трајко Јовановски , Јовановски Александар – Мијак, Славица Михаилова и Филјо Танов од Македонија, Шандор Шлајф и Рајко Каришиќ (Србија), Павлина Иванова Василева (Бугарија), Ставрос Гкескос (Грција), Barth Eisnbarth (САД), Celine Jourdan (Франција) и Charlotte Dorn (Германија).

35702289_758799014469533_2694123841071874048_o    35671683_758797907802977_7190483987532349440_o

Во пријатна атмосфера со одлични услови за работа, уметниците ја искористија својата имагинација за творење на нови и креативни дела кои подоцна ќе останат да сведочат за убавите времиња, стекнатите знаења и пријателства, како и продлабочување на старите.

Во текот на колонијата, уметниците имаа можност да престојуваат неколку дена во живописното село Ума, сместено на падините на планината Кожув. Изобилството на прекрасниот пејзаж ја разбуди инспирацијата кај уметниците, а секоја глетка беше преточена во убаво скроено уметничко дело.

Финалето на Ликовната колонија беше заокружено со изложба на сите уметнички дела кои ќе останат понатаму да живеат во просториите на Фондацијата Аполонија.

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here