Ликовна колонија „Аполонија“

Posted in: Art Colony
Tags:

Во организација на Фондацијата „Аполонија“, оваа година по 16 пат, од 12 до 22 јуни, се одржа Меѓународната ликовна колонија „Аполонија“. Во фокусот на изложбата беше селото Ума кое со своите пејзажи послужи како инспирација на уметниците на овогодинешната колонија. Сликарската дружина оваа година беше составена од млади и надоаѓачки уметници од Македонија (Маја Димитрова, Татјана Коцева и Викторија Титова), како и веќе искусни и докажани автори на ликовната сцена во Македонија, со свој препознатлив ликовен израз (Ниче Василев, Јорdан Јанев-Дане, Драги Хаџи-Николов и Синиша Кашавелски), гости од соседните држави (Васко Василев – Бугарија, Катерина Ноитси – Грција, Михајло Глигориќ  Глиша – Србија и уметничкиот фотограф од Србија Рајко Р. Каришиќ, веќе одомаќен како официјален фотограф на колонијата. Делата беа изложени на свечената прослава по повод 10 години работа на фондацијата „Аполонија“.

 

DSCF0990

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here