Концерт на Ева Богоевска

Posted in: Култура, Музички моменти
Tags:

По успешниот настап во престижниот Карнеги хол во Њујорк и пред нејзиниот настап во театарот  Марчело во Рим, виолинистката Ева Богоевска ги почасти гевгеличани со свој настап во хотел Аполонија. Вечерта беше збогатена со пијано придружба од страна на Верица Шотаровска. На програмата беа изведени дела од Тартини – Крајслер, К.В. Глук, Моцарт, Џон Вилијамс, Бела Барток.

Ева Богоевска е студент на ФМУ во класата на проф. Олег Кондратенко и повеќепати има настапувано како солист со Македонската филхармонија, како и со Националниот оркестар на Операта и балетот во Хо Ши Мин – Виетнам. Како солист има остварено настапи во Словачка, Малезија, Виетнам, Италија, Русија, Австрија, Чешка, Унгарија, Израел, САД и во Македонија.

Добитничка е на голем број награди во државата и светот (Италија, Русија, Израел, Њујорк).

1

 

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here