Концерт – кларинет и пијано

Posted in: Музички моменти, Подршка на заедницата
Tags:

Како продолжување на  „Музичките моменти 2016“, а на задоволство на гевгелиската публика, на 15ти Август во просториите на хотел „Аполонија“, гостувааа Ристо Ѓоревски (кларинет) и Елена Атанасовска – Ивановска (пијано).  На програмата беа дела од Ј. Брамс, Г. Пиерне, Е. Кавалини, С. Голабовски…

14063791_10154431066178288_1437649324463323094_n       Ристо Ѓоревски своите студии, а потоа и постдипломски ги завршува во класата на проф. Иван Кочаров на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Наградуван е со прва државна награда за кларинет во 1994 г. и 1997 г. и прва државна награда за камерна музика во 2002 г. Во 2015 година заедно со Бакревски, како „Дуо Кларинети“ ја освојуваат сребрената награда на натпреварот „Свирел“ во Словенија, во категоријата камерни состави. Ѓоревски како член на различни оркестри, филхармонии и фестивали настапува низ земјата и светот. Посебен белег во неговата кариера остануваат трите настапи како солист со Македонската филхармонија и Македонската опера и балет, а забележан настап како солист има и со Московскиот државен академски симфониски оркестар во Москва 2015 година.14053948_10154431066183288_1104288340924127053_n

Елена Атанасовска – Иванова дипломира со највисока оценка CUM LAUDE на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Борис Романов, кај кого подоцна ги завршува и постдипломските студии. Во текот на своето образование се стекнува со многубројни награди и признанија, а е редовен учесник на семинари организирани по повод „Охридско лето“. Во моментов рабити како уметнички соработник на Факултетот за музичка уметност во Скопје, но ја подготвува и својата докторска дисертација.

 

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here