Квиз натпревар на ученици „Еден пожар помалку“

Posted in: Uncategorized
Tags:

Противпожарниот сојуз од Гевгелија на 31.10 во просториите на хотел „Аполонија“ го организираше традиционалениот натпревар во форма на квиз за учесници. На натпреварот под мотото „Еден пожар помалку“ учество земаа учениците од основните училишта и средни училишта од Гевгелија и регионот.

Овој натпревар претставува важен дел  од едукацијата за заштита од пожари, односно превентивни мерки и постапка во случај на пожар. Натпреварувачите ги поздрави и им посака успех во квиз натпреварот, градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.

Победници на натпреварот беа ученицита од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци во кадетска конкуренција, односно учениците на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во јуниорска конкуренција.

Фотографии од настанот https://www.facebook.com/pg/ApolloniaFoundation/photos/?tab=album&album_id=10155857067763288

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here