Изложба на фотографии – Рајко Р. Каришич

Posted in: Изложба, Култура
Tags:

На 5 септември во организација на библиотеката Гоце Делчев, во галеријата на Народниот театар во Гевгелија беше отоврена самостојна изложба на фотографии од  Рајко Р. Каришич. На изложбатата говореа Драги Аџи-Николов и Дамјан Ѓуров. Во галериските простории беа изложени дела од 4 циклуси.

21272399_614830275533075_950082404072609253_n

Рајко Р. Каришич е чест гостин и учесник на ликовната колонија „Аполонија“. Каришич е роден 1952 година во Врбас, каде што го започнува и своето школување. Дипломира на Машинскиот Факултет на Универзитетот во Нови Сад, а со фотографија започнал да се занимава во Фото кино клубот „Машинец“ во 1973 година. До сега има приближно 50 самостојни изложби и повеќе од 100 групни изложби во Србија, но и надвор од неа, а активно учестувал и на повеќе од 70 Ликовни колонии. За својата севкупна работа на полето на уметничката и применетата фотографија добил повеќе признанија и награди.

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here