Изложба за Мајка Тереза

Posted in: Изложба
Tags:

На 7 декември, во просториите на хотелот „Аполонија“ беше отворена изложбата „Мајка Тереза – вечен ангел на милосрдието“ од страна на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза, а во соработка со Центар Мајка Тереза – Гевгелија и Фондација Аполонија. На изложбата се обратија Рената Кутера Здравковска, директорка на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза и отец Димитар од Католичката црква во Гевгелија, а свое учество имаа и децата кои се дел од Центарот Мајка Тереза. На изложбата беа поставени 22 колажи со фотографии и текстови, преку кои се прикажува старо Скопје – родниот град на Мајка Тереза, детството и младоста на Гонџа, преминот од Гонџа во сестра Тереза, нејзината смрт, беатификацијата и канонизација како и позначајните награди кои таа ги добила во текот на својот живот. Изложбата беше дел од културниот караван кој НУ Спомен куќа на Мајка Тереза со поддршка од Министерството за култура го оддржува секоја година во различен град од Република Македонија.

 

Majka

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here