Заедничко дружење на децата вклучени во проектот „Ден со природата“ и децата сместени во Прифатниот Центар „Винојуг“ Гевгелија

Posted in: Ден со природата, Деца со посебни потреби, Образование, Подршка на заедницата
Tags:

16938914_10155066703078288_8053627424814197456_nВодејќи се од своите поставени цели, визијата и мисијата, Фондацијата „Аполонија“ продолжува да придонесува за подигање на свеста на своите граѓани и социјалното развивање на заедницата. Така на 25ти февруари, во соработка со Прифатниот центар „Винојуг“ Гевгелија, односно, Невладината организација „Ла страда“, Фондацијата по втор пат организираше заедничко дружење на децата сместени во центарот  и децата вклучени во проектот „Ден со природата“.16681936_10155066704738288_3267608722522442760_n Повеќе од 50 деца уживаа во убавините на планината Кожуф во селото Ново Конско, играа игри, пееја, се забавуваа… Комуникацијата меѓу нив не беше проблем бидејќи едногодишното живеење во Гевгелија и секојдневното соочување со македонскиот јазик придонело децата сместени во Прифатниот центар многу брзо да го  совладаат. 16939560_10155066703103288_2149088219715586002_n

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here