„Ден со природа“ во јули 2017

Posted in: Ден со природата, Деца со посебни потреби, Образование
Tags:

Месецот јули го започнавме со посета на реката Вардар каде зборувавме за факторите кои придонесуваат за загаденоста на нашата најголема река, како загадувањето влијае врз живиот свет во водата  и на нас луѓето и што ние како единки можеме да направиме за да го намалиме загадувањето на водата. Следниот викенд се упативме кон Конска река на еднодневно капење и сите заедно приготвивме освежителна овошна салата.

Преку едукативни видеа и експерименти научивме на кои начини може да се искористи сончевата енергија. Научивме дека сонцето претставува извор на енергија достапен насекаде и сончевата енергија може да се користи за загревање и осветлување на домот, затоплување на водата за потрошувачка, како и за директно производство на електрична енергија. Го посетивме „Дон Андон“ каде љубезниот персонал ни објасни на којначин работат сончевите системи и трпеливо одговори на  бројните прашања на љубопитните дечиња.

20258466_10155576368773288_8196369257090236998_n

Во сите горенаведени активности ни се придружија и децата од центарот „Мајка Тереза“.

Месецот јули заврши со посета на музејот на град Гевгелија. Во музејот се сместени повеќе одделенија од праисторијата, античкиот период, но и етнолошка историска збирка.

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here