„Ден со природата“ во јуни

Posted in: Ден со природата, Образование
Tags:

Сончевите денови од првата недела на месец jуни ги искористивме за да научиме нешто повеќе за глобалното затоплување, зголемувањата на глобалните просечни температури на воздухот и океаните, големото топење на снегот и мразот кои би имале бројни негативни ефекти врз животната средина.

Наредниот викенд бевме во посета на село Мрзенци каде што имавме можност одблизу да видиме дел од домашните животни на локалните жители, да се запознаеме со нивните услови за живот и нивните карактеристики. Освен домашните, дел од нашата програма беа и дивите животни за кои научивме многу нови и интересни, досега непознати факти за децата.

Благотворното дејство на топлата вода, беше предизвик да ги посетиме и познатите Негорски бањи, да учиме за термалните и минерални води и нивната примена во медицинските цели, но и за целите во производтсво на електрична енергија.

36036761_10156511852758288_9205820017344512000_n   36621941_10156527039598288_2917629429440053248_n

На крајот од месецот бевме во посета на локален пчеларник и научивме како пчелите ни помагаат на многу начини. Пчелите обезбедуваат опрашување и помагаат во создавањето на овошјата и зеленчукот, а најбитно од сè, ни даваат мед кој сите ние многу го сакаме.

Голема благодарност упатуваме до Фамилија Беќарови за нивното гостопримство и несебично споделеното знаење за пчелите, нивните производи и дегустација на истите.

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here