„Ден со природата“ во јули

Posted in: Ден со природата, Образование
Tags:

На почетокот на јули ја имавме честа и привилегијата да бидеме  првите посетители на новиот Едукативен центар во с. Негрево, Пехчево. Гостопримливите домаќини ни раскажаа и сликовито ни објаснија за растителниот и животинскиот свет кои се наоѓа по течението на реката Брегалница. Потоа заедно ја испешачивме патеката на Петко, која е долга 2 км. и води до  местото наречено Јудови ливади.  Тука го видовме ендемичниот вид на инсектојадното растение Drosera rotundifoliа.

Летото е време кога пожарите многу лесно избувнуваат, а многу тешко се гаснат.  Со таа цел ја посетивме противпожарната единица во   Гевгелија. Љубезните  пожарникари им објаснија на децата како може да се предизвика пожар,  што можеме да направиме во тој случај, како да реагираме. Ни направија симулација на пожар па децата имаа прилика со противпожарен  апарат да ги гаснат. Децата има можност да ја разгледаат целата противпожарна опрема со која располага единицата.

Следна наша активност беше реализирана заедно со волонтерката од Американскиот Мировен Корпус во Македонија, Тамера Меклауд, со која изработувавме дела од природни материјали собрани во околината на хотелот Аполонија.

Месецот го завршивме со посета на Музејот во Гевгелија. Наша цел беше  децата  да се стекнат со поголеми знаења за музејската установа, за  артефактите кои сведочат за нашето богато културно наследство и бројните археолошки наоѓалишта во околината на  Гевгелија.

36974089_10156549378338288_6871000663376003072_n   37958609_10156599103238288_7519655452238413824_n

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here