„Ден со природата“ во јануари, февруари и март

Posted in: Ден со природата, Образование
Tags:

Јануари

Во месец  јануари проектот „Ден со природата“ го реализиравме зборувајќи за  снег, кружното движење на водата и магла. Учевме  како и кога настанува снегот и правевме експерименти со снег. Децата беа водушевени и му се восхитуваа на вештачкиот снег. Ја продолживме оваа тема зборувајќи за маглата која беше присутна во многу јануарски утра, па децата имаа прилика да ја видат и почуствуваат и беше многу полесно да дојдеме до одговори кои се причините за ваквата појава. Водата постојано се движи во својот бесконечен круг, така опстојуваат сите животни и сите растенија. Темата беше многу поучна и децата беа посебно заинтересирани за неа.

jan1

Февруари

Студените денови беа присутни и во февруари. Птиците немаа што да јадат, а ние им направивме хранилки со шишарки кои децата ги закачија на дрвјата во  нивните дворови. Учевме како може да допринесеме до помало загадување на воздухот и нашата околина. Следниот викенд беме во посета на с. Моин и разговаравме за природните појави и последиците од нив, како  содветно да реагираме ако доживееме некоја природна појава. Радувајќи му се на снегот кој врнеше надвор зборувавме за четирите годишни времиња и нивните карактеристики. Ова беше последната наша активност во месец Февруари.

fev

Март

Првиот викенд во март го посветивме на 8 Март, децата ја покажаа својата креативна страна преку изработка на  подароци за своите мајки. Следниот викенд го искористивме убавото време и се искачивме на ридот покрај село Мрзенци. Децата уживаа во убавата природа, разговаравме и учевме за инсектите. Следната наша тема беа климатските промени чии што последици се повеќе се чуствуваат во секојдневното наше живеење. Направивме едно мало истражување во врска со оваа тема, како можеме да помогнеме да се намали глобалното затоплување а со тоа и климатските промени. Да,  сите ние можеме да помогнеме, да засадуваме нови зелени површини да не ги уништуваме постојните, ѓубрето да го селектираме , рециклираме и повторно гo употребуваме. Последните  два викенда од март боевме конзерви во кои засадивме зеленчук и цвеќиња за потребите нашата мала градина за која ќе се грижиме сите ние заедно.

mart

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here